Екипата на Барселона со “петарда“ во мрежата на Кордоба го завери пласманот во 1/4 финалето од Копа дел Реј. Голеадата кон голот на второлигашот ја започна Алкантара, со два погодоци продолжи Давид Виља, а крај стаде Санчез со “парот“ во вториот дел.

Резултати : Барселона – Кордоба 5-0 (7-0), Гетафе – Атлетико Мадрид 0-0 (0-3), Бетис – Лас Палмас 1-0 (2-1).

Во 1/4 финалето од Коп дел Реј ќе се сретнат Сарагоса – Севиља, Реал Мадрид – Валенсија, Атлетико Мадрид – Бетис, Барселона – Малага. Првите натпревари се играат на 16 јануар додека повратните мечеви се играат една недела подоцна.

Мх.П.