Лидерот на табелата во шпанската Примера, Барселона следните четири месеци ќе биде без услугите на Осман Дембеле.

Најскапиот играч во историјата на клубот од Ноу Камп се повреди на дуелот со Гетафе и по деталните прегледи дијагностицирано е кинење на мускул во бутот од левата нога.

Дембеле ќе биде веднаш оперирано во Финска каде и ќе се лекува, а на терените би требало да се врати на средината од месец јануари.

Французинот за рекордни 134 милиони евра трансферираше од Борусија Дортмунд во Барселона и го зазеде второто место на вечната листа за трансфери со најголемо обештетување.

OhridNews