
На три кола до крајот на првенството Барселона има недостижни 86 бода и натпревар помалку во однос на Реал кој остана на 78 бода. Севиља
е трета со 64, а голема борба се води за последното, четврто место на
табелата кое води во Лигата на шампионите помеѓу Валенсија(-1) и
Виљареал кои имаат по 59 бода.
Барселона стигна до вторта титула во сезоната по освојувањето на купот и Примерата, додека третата титула може да ја освојат во Римското финале од лигата на шампиони до колку го совладат Манчестер Јунајтед.










