Актуелниот првак Барселона со убедлива победа над Леванте од 7-0 тргна во одбрана на титулата. Ова воедно беше официјално деби на новиот тренер Џерардо Мартино, кој го наследи Тито Виланова на клупата.
„Блауграната“ првите бодови на контото ги осигура уште во првиот кога со головите на Алексис Санчез, Лионел Меси (2), Даниел Алвеш, Педро Родригез и Чави имаа предност од 6-0. Во вториот дел фудбалерите на Барселона преку Педро постигнаа уште еден погодок за конечни 7-0.
Најголемата аквизиција на Барселона во летниот преоден рок Бразилецот, Нејмар дебитираше откако во игра влезе од клупата во 64 минута на местото од Алексис Санчез.
Резултати : Барселона – Леванте 7-0, Осасуна – Гранада, Реал Мадрид – Бетис, Севиља – Атлетико Мадрид.
Мх.П.