Барселона, во летниот преоден рок би можела да го донесе на „Ноу Камп“ напаѓачот на Челзи, Фернандо Торес, пишува „Sport.es“.


Раководството на шпанскиот шампион сериозно ја разгледува опцијата околу трансферот на Торес, за кој претпоставуваат дека ќе изнесува 20 милиони евра.

Новиот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо, наводно нема да смета на услугите на Торес, а англиските медиуми објавија дека Шпанецот ќе му биде понуден на Наполи како дел од евентуалниот трансфер на Едисон Кавани.

Торес во Челзи се пресели од Ливерпул, во јануари 2011 година, за сума од 50 милиони фунти, но тој не ги оправда парите кои екипата од „Стенфорд Бриџ“ги вложи. Во дресот на Челзи, Торес на 82 натпревари постигна само 15 погодоци.

“Макфакс“