Германскиот првак Баерн Минхен на самиот старт од сезоната ги засили своите редови ангажирајќи го Филипе Кутињо од Барселона. Репрезентативецот на Бразил на „Алијанц арената“ се пресели како позајмен фудбалер а „баварците“ после завршување на сезоната ќе имаат прилика да го откупат договорот.

Трансферот на Кутињо беше извесен и очекуван откако Бразилецот не се снајде најдобро и не се наметна како важна улога во екипата покрај Лионел Меси и Луис Саурез. Кутињо во Барселона се пресели од Ливерпул во трансфер вреден 120 милиони евра.

Барселона посакуваше да го вметне Кутињо во обидот да го врати Нејмар на Ноу Камп, но не успеа, бидејќи Пари Сент Жермен бараше друг играч место Бразилецот.

Кутињо треба да биде вистинско освежување за „баварците“ кои синоќа немаа посакуван старт во Бундес лигата ремизирајќи со Херта 2-2 на домашен терен.

OhridNews