Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона во своите редови го доведе бразилскиот вундеркинд Нејмар од тимот на Сантош.

Оштетата која ќе ја плати Барселона за предвременото раскинување на договорот на Нејмар со Сантош изнесува 28 милиони евра, а Бразилецот ќе заработува по седум милиони евра по сезона и тоа три години.

Но, тоа не е се бидејќи тимот на Сантош покрај оштетата барал со Барселона да одигра две пријателски средби, на домашен и гостински терен.

Со ангажирањето на Нејмар, кој беше главна трансфер мета веќе неколку сезони Барселона го претрка Реал Мадрид и го состави можеби најдобриот тандем на денешницата Лионел Меси – Нејмар.

Мх.П.