Водечката екипа во фудбалскиот шампионат на Шпанија, Барселона, во дербито на дваесет и третото коло ќе го пречека Атлетик Билбао.

Реал кој од втората позиција очекува кикс на Барса, на домашен терен ќе игра против Леванте, тим кој по серијата од три победи, избега од опасната зона.

Двојки:Валенсија-Спортинг, Реал-Леванте, Сарагоса-Атлетико Мадрид,
Недела, 20 февруари
Алмерија-Депортиво, Хетафе-Расинг, Осасуна-Еспањол, Виљареал-Малага, Севиља-Херкулес, Барселона-Атлетик.

Дваесет и третото коло во понеделник ќе го комплетира натпреварот Реал Сосиедад-Мајорка