Екипата на Барселона има нов јунак, а тоа е Кристијан Телјо, кој постигна три погодоци во победата над Леванте 4-1 во Купот на Шпанија.

Каталонците имаа негатива по првиот дел, а работите во свои реце во вториот ги зеде Телјо и сам ја одведе Барселона до убедливата победа.

Со трите погодоци Телјо сериозно се наметна кај тренерот Тата Мартинез, кој сакаше да го продаде во Ливерпул пред почетокот на сезоната.

Мх.П.