Шпанскиот фудбалски гигант Барселона испрати денеска официјална понуда до германскиот првак Баерн Минхен за ангажман на полскиот голгетер Роберт Левандовски, потврди претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта.

Испративме понуда, се надеваме дека сè ќе заврши позитивно, но сега чекаме одговор, рече Лапорта при промоцијата на Андреас Кристенсен, како ново засилување во редовите на Барселона.

Дел од шпанските медиуми наведуваат дека Барселона му понудила на Баерн 40 милиони евра и дополнителни пет милиони евра во бонуси.

Левандовски дојде во Баерн во 2014 година од Борусија Дортмунд и на 375 натпревари постигна 344 голови.

OhridNews