Францускиот дрим тим Пари Сент Жермен ќе биде новиот клуб на Холанѓанецот Џини Вајналдум, пренесува најпознатиот агент Фабрицио Романо.

Вајналдум кој е слободен фудбалер, откако му заврши важечкиот договор со Ливерпул го одбрал ПСЖ пред Барселона, која долго време беше во пол позиција за ангажманот на холандскиот фудбалер.

Холанѓанецот ќе потпише тригодишен договор со „светците“ и ќе заработува двојно од сумата која каталонците првично му ја понудиле.

Романо пренесува дека Маурицио Почетино и покрај шпекулациите за заминување од ПСЖ ќе остане и следната сезона ќе биде предводникот на францускиот клуб.

OhridNews