Барселона го совлада Реал Мадрид со 3-2 во првиот меч од шпанскиот Суперкуп. Шпанските гиганти одигра уште еден супер интересен меч, потврдувајќи ја големата класа.

Кристијано Роналдо го отвори резултатот на средина на вториот дел. Голот на CR7, само ги разлути домаќините кои рафално одговорија со головите на Педро, Меси од пенал и Чави. Прославата на победата, ја расипа голманот Валдез, кој сакајќи да покаже дека знае да игра фудбал, погреши и Ди Марија ја казни неговата агзебиција.