Бареслона го победи Манчестер Ј. со 3-1 и по четврти пат во својата историја триумфираше во Лигата на Шампиони. Избраниците на Пеп Гвардиола до “сребрената канта“ стигнаа во препознатилив, доминатен стил. 


88 илјади гледачи го проследија финалето кое мина во знакот на “блауграната“. Прв “ѓаволите“ ги скрши Педро по додавањето како на тацна од Чави. Крик надеж дека може да направат нешто гостите, даде Руни кој по додавањето на Гигс изедначи на 1-1.

Сер Алекс Фергусон, се отвори во вториот дел и се обиде да се надигрува со Барселона, тоа скапо ги чинеше “бебињата“ кои и покрај тоа што го имаа расположениот Ван Дер Сар на голот, мора да ја вадат топката од мрежата по ударите на Меси и Виља.

По високата предност шпанците знаеа како да го задржат Јунајтед и да стигнат до трофејот.

М.П.