Елиминацијата од Баерн во полуфиналето во Лигата на шампиони со вкупни 0-7, го вклучија алармот за ремонт во каталонскиот тим.

Според шпанските медиуми раководството веќе составило список на
потенцијални засилувања, кои би требале да пристигнат во летниот преоден
рок.

Јасно е дека одбраната е најкритичниот дел од тимот – голманот Валдез ќе
замине, а како негов наследник во Барселона го посакуваат Давид Де Хеа
од Манчестер Јунајтед.

Прва опција во одбраната е германскиот репрезентативец Матс Хумелс од
Борусија Дортмунд, а на списокот се наоѓа и Венсан Компани од Манчестер
Сити.

Промени се очекуваат и во нападот – блиску до заминување се Алексис
Санчез и Давид Виља, а како нивни наследници се споменуваат Иско од
Малага и Нејмар од Сантос.

“Макфакс“