Извори блиски до тренерот, шпекулираат дека Гвардиола ќе си замина но прво сака тоа да му го соопшти на фудбалерите. Шпанецот на клупата од Барселона, освои 13 трофеи. Два во Лигата на Шампиони, три титули во Примера и два во Светското Клупско првенство.
Ако популарниот “пеп“ не ја продолжи верноста со Барса, ќе има голем избор да бира каде ќе биде тренер наредната сезона, заинтересирани се Манчестер Сити, Челси, Милан и Интер.