Екипата на Барселона се врати во полн тренажен процес и се подготвува за рестартирањето на сезоната во Шпанија, но весникот „АС“ во јавноста изнесе шокатни детали поврзани со клубот од Ноу Камп.

Весникот тврди дека Барселона криела фудбалери и тренери, кои, биле позитивни на вирусот Ковид -19 при тестирањето.

Сите играчи и тренери на шпанскиот гигант се тестираа за вирусот на почетокот на пандемијата и седум од нив се тестираа позитивно. Кај сите нив болеста била асимптоматска, а во повторените тестови – пред да се вратат на тренинг, немаше повеќе заразени. – стои во објавата во весникот.

Барселона, ниту ги дементираше ниту ги потврди информациите изнесени од весникот „АС“.

Каталонците на 13 јуни ќе ја рестартираат сезоната во Ла лига а силите ќе ги одмерат со Мајорка.

OhridNews