Екипата на Барселона нема намера да се откаже во обидите да го ангажира и врати во своите редови бразилскиот фудбалер Нејмар. Каталонците подготвуваат нов атак за потписот на Бразилецот во зимскиот преоден рок.

Во летниот трансфер прозорец, преговорите помеѓу ПСЖ и Барселона не вротија со плод иако шпанскиот клуб имаше неколкудобри понуди. Барселона подготвена беше да ги вклучи од Иван Раќитиќ и Филипе Кутињо и плус дополнителни финансии за Нејмар, но „светците“ категорично одбиваа.

  • Додека Нејмар посакува да се врати ние ќе се потрудиме да го донесеме. Работите констатно се менуваат во фудбалот и затоа не можам точно да кажам што точно ќе се случи во зимскиот преоден рок. Нејмар е посебен фудбалер, не се снајде најдобро во Париз и можам да заклучам дека погреши со неговиот трансфер. – изјави Хозе Бордас, директор на Барселона.

Нејмар пред две сезони за 222 милиони евра се пресели од Барселона во Париз и се уште претставува рекорден трансфер во светскиот фудбал.

OhridNews