– Ќе ви кажам една вест која никогаш во мојот живот не би сакал да ја кажам. Откако пристигнаа резултатите од последните тестови, Тито ќе мора да оди на дополнителни третмани, што прави невозможно да биде тренер на Барса. Зубизарета и Бартомеу ќе го презентираат новиот тренер на почетокот на идната недела. Бараме максимално почитување на неговата приватност. Одлучивме да не играме утре во Полска затоа што нема поттик за тоа. Животот продолжува, ова е многу тежок удар за Барса. Да мислиме прво на него, а потоа на клубот – рече Росељ.
Минатата сезона Виланова поради болеста на ја водеше Барселона цели три месеци, а во негово отсуство „шеф“ на екипата беше помошникот негов Роура.