Барселона продолжува да работи на трансферот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен.
Шпанските медиуми веќе излегоа со информација дека каталонскиот клуб подготвува нова понуда за напаѓач вредна 50 милиони евра и се надева дека оваа сума ќе го убеди Баерн да го продаде Полјакот.

Да напоменеме дека рокот на договорот на Левандовски со Баерн е со важност до летото 2023 година.
Триесет и тригодишниот напаѓач минатата сезона постигна 46 гола на 50 настапи за Баерн во сите натпреварувања.
OhridNews










