Без голови и без победник заврши дербито од 30-та рунда од шпанската Примера помеѓу Севиља и Барселона, што се одигра синоќа на „Рамос Санчез Писхуан“ стадионот.

И покрај празните мрежи на теренот имаше што да се види и забележи. Најмногу внамание покрај интервенциите на двајцата голмани привлече инцидентот во кој вклучен беше Лионел Меси. Ѕвездата на Барселона „се исклучи“ после грубиот фаул од Диего Карлос над Луис Суарез и тргна во вербален дуел. Играчите од двете екипи спречија голем инцидент разделувајќи ги бесните фудбалери.

Ремито во дербито во Севиља е шанса за Реал Мадрид со триумф над Реал Сосиедад да се изедначи со Барселона на врвот од табелата и да најави жестока битка за титулата во последните осум рунди.

OhridNews