Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во Копа дел Реј, победувајќи го Атлетик Билбао со 4-0 (0-0), во финалето, кое се одигра на стадионот во Севиља.

Каталонците до 31-от трофеј во историјата на Копа дел Реј стигнаа со фуриозни 12-тина минути во второто полувреме. Во период од 60-та до 72-та минута, Барселона, постигна четири голови и ги реши дилемите околу шампионот. Гол серијата ја најави Ентони Гризман кој погоди за 1-0. На 2-0 зголеми Френки де Јонг. Третиот и четвртиот погодок беа дело на Лионел Меси.

За Барселона ова е прва титула во новата ера односно во мандатот на Роналд Куман.

OhridNews