Само една година откако беше назначен за селектор на Аргентина Серхи Батиста си поднесе оставка. Причина е елиминацијата во четвртинафиналето на пенали од Уругвај, иако Аргентина важеше за голем фаворит имајќи го предвид на играчкиот потенцијал на екипата.
Батиста беше избран наместо Диего Марадона кој исто така со оваа репрезентација беше елиминиран на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, во четвртинафиналето од Германија по поразот од 0:4.
Портпаролот на Фудбалската федерација на Аргентина потврди дека не станува збор за отказ, туку дека селекторот отстапил и дека неговиот наследник набргу ќе биде познат.
“Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com