Џенсон Батон е победник на седмата годинешна трка во Формула 1, што се возеше за Големата награда на Канада во Монтреал на патеката Жил Вилнев.


Возачот на Мекларен кој во последниот круг го мина актуелниот шампион Себастијан Фетел од Ред Бул, ја комплетираше серијата претекнувања во финишот трката кои започнаа со мнувањето на Марк Вебер и Михаел Шумахер.

Поради лошите временски услови трката во Монтреал беше под знак прашање,  обилните врнежи од дожд им пречеа на возачите, а по 25 круга беше прекината цели два часа. Вкупно траеше четири часа, ситуацијата беше хаотична, и имаше шест прекинувања на трката.

Батон со победата се проби до второто место со 101, но има дури 60 помалку од лидерот Фетел.

Ohridnews