Џенсон Батон триумфираше на трката за ГН на Белгија, која ја одбележа стратоен инцидент на самиот старт.


Батон ја предводеше трката од почеток до крај забележувајќи ја само втората победа за него сезонава. Место на подиумот изборија уште Фетел и Раиконен.

Инцидентот на стартот ја прекина низата од 23 позитивни резултати за шпанецот Алонсо. Тој остнува водечки  во генералниот пласман со 24 поени повеќе од Фетел.

Трката во Спа беше јубилејна 300 за Михаел Шумахер, кој заврши на седмата позиција.