Џенсон Батон светскиот првак во шампионатот на Формула 1 од 2009 година, смета дека Луис Хамилтон ќе направи грешка доколку се пресели во Ферари. Тој вели дека неговиот сонародник не би требало да го напушта тимот со кој победува.

  • Сигурен сум дека сите возачи сакаат да одат во Ферари, но ниту еден возач не би заминал од тим што победува и да оди во тим што не е конкурентен. – рекол Батон.

Според Батон, Хамилтон треба да остане во Мерцедес доколку сака да го собори рекордот на Михале Шумахер кој има најмногу светски титули.

  • Би било храбро од него да се пресели во Ферари. Луис може да освои десет титули доколку остане во Мерцедес, додека трансфер во Ферари би можел да значи и крај на неговата кариера. – заклучил Батон.

OhridNews