Играчите, стручниот штаб и директорите во Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, одлучиле да прифатат намалување на платите додека трае паузата во Бундес лигата поради пандемијата на коронавирусот.

Како што открива германскиот весник „Билд“, платите во Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе бидат намалени за 20%. Клубовите со ваквиот потег од играчите, стручниот штаб и директорите ќе добијат голема помош во пребродувањето на кризата и стабилизирање на финансиска конструкција.

Прв клуб кој се одлучи и доби согласност од вработените на ваков потег во Германија беше Борусија Менхенгладбах.

OhridNews