Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен потпиша со Алваро Одриозола кој на „Алијанц арената“ пристигнува на позајмица до крајот на сезоната од Реал Мадрид. Првиот човек на „баварците“,  Карл Хајнц Румениге изјави дека Одриазола бил голема желба на тренерот Ханс Флик.

Следејќи ги интерните дискусии, се сложивме да ги почитуваме желбите на главниот тренер и да ја засилиме дефанзивата, одлучивме да го ангажираме Алваро Одриозола. Среќни сме за засилувањето и благодариме на Реал Мадрид за пријателските и кооперативни разговори. – изјави Румениге.

„Баварците“ со доведувањето на шпанскиот фудбалер ги решија бековски проблеми кои ги имаа во текот на есенската полусезона.

OhridNews