Актуелниот првак Баерн Минхен во 12-та рунда од Бундес лигата на „Сигнал Идуна Парк“ ќе се сретне со Борусија Дортмунд.


„Баварците“ за дуелот со „милионерите“ нема да можат да сметаат на услугите од Френк Рибери, кој се повреди на бараж натпреварот помеѓу Франција и Украина.

Избраниците на тренерот Пеп Гвардиола се лидери на табелата со четири бодови предност пред Дортмунд.

Мх.П.