Германски Баерн Минхен тримуфираше на Светското клупско првенство кое се одржа во Мароко. „Баварците“ во финалето го совладаа тимот на Раха Казабланка со 2-0.
Со освојувањето на титулата од Светското клупско првенство екипата на Баерн Минхен ги обедини титулите од Лигата на Шампиони, Бундес лигата и „покалот“.
Како вовед во големото финале беше борбата за бронзен медал која им припадна на Роналдињо и соиграчите кои победија со 3-2 против Гуангжу.
Мх.П.