Германскиот гигант Баерн Минхен им се придружи на уште неколку клубови кои по крајот на сезоната ќе одиграат серија хуманитарни натпревари за жртвите од катастрофата што се случи во Јапонија.


Многу сме блиски со Јапонскиот фудбалски сојуз и клубовите во професионалната Џеј-Лига. Во ниеден момент не беше доведено прашањето дали ќе играме, сакаме да дадеме допринос на жртвите од катастрофата. Одлучивме да одиграме хуманитарен меч и да покажаме солидарност. Ќе настапиме без никакви финансиски побарувања, трошковите за пат ќе ги покриеме сами додека приходот од карти ќе биде наменет за жртвите од катстрофата што и се случи на Јапонија – рече претседателот на “баварците“ Карл-Хајнц Румениге.


Хуманитарниот натпревар во чест на жртвите ќе се одигра од 17 до 25 јуни, а противникот на Баерн Минхен сеуште не е познат.

ohridnews