Фудбалскиот гигант Баерн Минхен стигна до рекордната 24-та титулата во Бундес лигата откако го одбрани „покалот“ освоен минатата година.

Со победата над Херта во Берлин 3-1 „баварците“ титуата ја обезбедија во 27-та рунда поставувајќи нов рекорд.

Минатиот рекорд беше по 28 натпревари и тоа минатата сезона кога на клупата од Баерн Минхен беше Хуп Хејкенс. По освојувањето на титулата фудбалерите на Баерн Минхен внимание ќе го насочат кон одбрана на трофеите во Лигата на Шампиони и Купот на Германија.

Резултати : Дортмунд – Шалке 0-0, Херта – Баерн Минхен 1-3, Брауншвајнг – Мајнц 3-1, Вердер Бремен – Волфзбург 3-1.

Мх.П.