Баерн Минхен одбраната на титулата во Бундес лигата со Пеп Гвардиола на клупата ќе ја започне против Борусија Менхенгладбах на „Алијанц Арената“.

51-та сезона во Бундес лигата започнува на 9 август, а ќе заврши 10 мај 2014 година, а потоа следува Светското првенство во Бразил.

Во првото коло од „покалот“ ќе се сретнат : Баерн Минхен – Менхенгладбах, Шалке – Хамбургер, Леверкузен – Фрајбург, Хановер – Волфзбург, Хофенхајм – Нирнберг, Мајнц – Штутгарт, Аугзбург – Дортмунд, Ајнтрахт Брауншвајг – Вердер, Херта – Ајнтрахт Франкфурт.

Мх.П.