Повредата и долгата пауза на Мануел Нојер го стави во неволја фудбалскиот гигант Баерн Минхен. Карло Анчелоти мораше да бара втора солуција, откако првата Свен Урлих се посрамоти на дуелот со Волфзбург во Бундес лигата.

„Баварците“ одлучија од пензија да го вратат Том Штарке за престојниот натпревар со Пари Сент Жермен и за понатамошните со оглед на долгата пауза која ми се предвидува на Нојер.

Германскиот првак веќе го пријави Штарке во УЕФА и тој ќе има полно право за настап против „светците“ кои се едни од потесните фаворити за тронот на Европа сезонава.

Интересен е фактот додека Штарке беше дел од Баерн Минхен настапи само на седум мечеви и речиси и да не добиваше шанса пред Нојер кој пристигна од Шалке.

OhridNews