Навивачките групи на Динамо Загреб (Бед Блу Бојс) и на Хајдук (Торцида) в недела на меѓусебната дерби пресметка ќе се обединат против првиот човек на Динамо, Здравко Мамиќ.

Како што пишува „Indeх.hr“ навивачките групи ретко кога се обединувале, но, кога го правеле тоа имало само позитивни страни за Хрватска и фудбалот таму.

Мамиќ со контроверзните изјави и мешањето прсти во репрезентацијата која преку баражот обезбеди пласман на мундијалот во Бразил го навлече гневот на „ултрасите“ кои ќе ги закопаат воените секири и ќе кренат глас против него.

Навивачките групи нема да бидат поделени на „север и југ“ како што било во пракса претходно него ќе бидат измешани, а тема дербито ќе биде Мамиќ.

Мх.П.