Иако менаџерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Андре Вилаш-Боаш
веќе неколкупати изјави дека Гарет Бејл не е на продажба, во неделата
повторно се актуелизираа нагаѓањата дека велшкиот репрезентативец на
крајот од летото сепак ќе ги напушти редовите на лондонските „спарси“.

Според пишувањето на англиските медиуми, Гарет Бејл е веќе пред портите
на Манчестер Јунајтед, а трансферот наводно ќе изнесува 70 милиони
фунти. Според медиумите, „црвените ѓаволи“ веќе испратиле официјална
понуда, меѓутоа претседателот на Тотенхем, Даниел Леви таа информација
веднаш ја демантираше.

„Не добивме никаква понуда, Бејл не е на продажба“, додава Леви.

Во трката по најдобриот играч во Премиершип минатата сезона, е и Реал
Мадрид. Менаџерто на фудбалерот, Франсоа Галардо, изјави дека Реал е
подготвен да плати и повеќе, па се споменуваат дури 80 милиони евра или,
пак, варијантата со нешто пари на „Вајт Харт Лејн“ да се дојдат Гонзало
Игуаин и Коентрао.

Бејл има договор со Тотенхем до 2106 година, меѓутоа челниците на клубот
летово му понудија многу подобар договор до 2018 година, со неделана
плата од 180 илјади евра. Според новиот договор, Белј би можел да го
напушти клубот веќе следното лето со отштета од 60 милиони евра.

„Макфакс“