Играчот на Тотенхем, Герет Бејл, е прогласен за најдобар играч во
Премиер лигата, во сезоната 2012/2013 и во изборот на новинарите. Бејл
претходно беше најдобар и во изборот на Здружението на фудбалските
професионалци во Англија.

Репрезентативецот на Велс, во изборот на новинарите доби 53 отсто од
гласовите, со што победи во конкуренција на Робин ван Перси и Хуан Мата.

Бејл е првиот Велшанец кој признанието на новинарите го добива по пауза
од 28 години и е прв играч на Тотенхем кој наградата ја добива по
14-годишна пауза.

Бејл е 17-от играч во историјата кој победил во изборот на играчите и
новинарите, а во претходните девет сезони тоа им успеало на Кристијано
Роналдо (двапати), Вејн Руни и Робин ван Перси.

Најдобриот фудбалер на Тотенхем сезонава на 29 натпревари во Премиер лигата има постигнато 19 погодоци.

“Макфакс“