Герет Бејл е херојот на навивачите на Реал Мадрид, играчот вреден 100 милиони евра, со спектакуларен гол му ја донесе 19-та титула на ’кралскиот клуб’ во националниот Куп.

„Морав да го заобиколам Бартра кој ме туркаше и се обидуваше да ме блокира. Не успеа. Убаво е да се постигне голот кој ја обезбедува титулата“, го опишал својот гол Бејл, кој од мадридските медиуми го доби прекарот „Кралот Бејл“.
„Макфакс“











