Договорот од Пржино не е мртов, изјави амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли во интервју за „Телма“. Тој посочува дека постојат одредени ризици, во контекст на најавите за протести и други активности поврзани со датумот на избори 24 април и затоа препорачува изборите да се одложат. Бејли изрази очекување дека партиите ќе изнајдат решение за излез од политичката криза.
Во вторник на полноќ истекува рокот за распуштање на Собранието, а доколку одлуката не биде променета, ќе започнат да течат законските 60 дена пред договорениот датум за избори 24-ти април. До вечерва ниту еден политички субјект не покрена иницијатива во собранието за одложување на самораспуштањето.
Се огласи и аевроамбасадорот Аиво Орав, според кого вторник е последна шанса за договор. Најавено е доаѓање во земјава на европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, кои ќе се обидат да помогнат да се изнајде решение за политичката криза во која западна земјата.
OhridNews