Звездата на Лос Анџелес Галакси, Дејвид Бекам ќе има можност да ги одмери силите со својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед. “Црвените ѓаволи“ во подготвителниот период ќе  одиграат неколку натпревари а еден од нив е со звездите од МЛС Лигата предводени од Бекам и “крвникот“ на Јунајтед, Тиери Анри.


Дејвид Бекам најблескавите моменти во неговата кариера ги помина во дресот на Манчестер Јунајтед. Англичанецот втор пат ќе му се спротистави на четата од Фергусон, прв пат против “своите“ играше во  1/4 финалето Лигата на Шампиони со Милан кога беше поразен со убедливи 4-0.

Мх.П.