Трансферот на Дејвид Бекам во францускиот Пари Сен Жермен ги наполни таблоидите на светските медиуми. Бекам покрај понудите од Англија, тој ја одбра од ПСЖ и потпиша договор со “светците“ до крајот на сезоната.


– Имав многу понуди да останам во Премиер Лигата, но јас во Англија можам да настапувам само за еден клуб тоа е Манчестер Јунајтед – рече Бекам.
Поранашениот капитен на “гордиот албион“ платата која ќе ја заработува во ПСЖ ќе ја донира во добротворни цели. Дебито во дресот на “светците“ Бекам ќе го има против Олимпик Марсеј, а останатиот англичанец во француската лига Џои Бартон му посака топло добре дојде со провокативна порака на Твитер : “Бекам ќе бидиш втор најдобар англичанец во Франција, нормално после мене“.

Мх.П.