Мегапопуларниот Дејвид Бекам изутирнава се појави на тренингот со екипата на Премиерлигашот Тотенхем. Бекам со бројот 77 го одработи првиот тренинг , а во периодот кој следи поради големото обештетување кое го бараат американците од ЛА Галакси, најверојатно тој само ќе тренира со “мамузите“.


Доколку не се потпише двомесечната позајмица Бекам во Лондон ќе остане до крајот на февруари. Новото првенство во МЛС лигата стартува на  15. март.


Од клубот се надеваат дека и во тој кус период ќе може да сметат на услугите на 35-годишниот Бекам.- Сите напорно работевме за да го видиме Дејвид тука. Тој е целосно фит и уште сега делува подготвен за настап. Дали ќе имаме среќа тоа навистина да се случи, останува да видиме – изјави Хари Реднап,тренерот на Спарси.

Ohridnews