Се почесто низ градот може да се забележи како бекатон плочките го заменуваат асфалтот.

После извршените градежни зафати на коловозите или пак тротоарите, истите се „ крпат“  со бекатон плочки.

Па така, по неодамнешните зафати кои беа извршени на улицата „Јане Сандански“, дел од тротоарот и коловозот  беа вратени во „првобитна состојба“ со поставување на бекатон плочки.

Граѓаните се надеваат дека станува збор за привремено решение, по најавите од локалната самоуправа дека во текот на оваа година, ќе се изврши реконструкција на улицата , при што ќе биде обновен коловозот, тротоарите, дрворедите и осветлувањето.

OhridNews