Почесниот претседатал на Баерн Минхен и легендата на германскиот фудбал Франц “кајзер“ Бекенбауер жестоко го критикуваше португалскиот стратег на клупата на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.


Во изјавата за реномираната интеренет страница “Goal.com“ популарниот “кајзер“ не бираше зборови околу изгледот на “специјланиот“ – Тоа што носи џемпери од кашмир не го прави џентлмен. Тој е необразуван и неугоден во секој поглед.


Бекенбауер се осврна на наградата за најдобар тренер што му припадна на Жозе Мурињо. – Капитените и селекторите од сите земји сметаа дека најдобар тренер е Мурињо, постигнувајќи резултати со послаб противник но неговото однесување на теренот беше мизерно. А исто вреди да се напомене дека “најдобриот“ тренер со неговата екипа во дербито “Ел Класико“ прими една рака погодоци. заврши Бекенбауер.

Мх.П.