Беше последниот тренер кој со тимот на Работнички се закити со двојната круна во македонскиот шампионат, сега е во Хајдук од Кула каде се обидува да го спаси тимот од испаѓање. Драгољуб Беквалац за Македонија го врзуваат драги спомени, играчки со Тетекс, тренерски со Работнички, а еден ден посакува да седне на клупата на македонската фудбалска репрезентација.
– Да, моја желба е да ја предводам македонската национална селекција. Јас во неформален разговор бев еден од кандидатите пред Јонуз да седне на клупата. Таа година бев прогласен за трнер на годината во Македонија, и сметам дека постигнатите резултати се доволно мерило за да седнам на селекторската клупа – вели Беквалац кој покрај Охридското крајбрежје се подготвува со Хајдук за вториот дел од шампинатот во Србија.
Беквалац смета дека Македонија има добар фудбалски потенцијал, но фудбалот се наоѓа во една голема криза, а што се одесува до националниот состав постигнатите резултатите не се на вистинско ниво.
– Со задоволство би одговорил на повик на Фудбалската Федерација на Македонија . Одлично го познавам менталитетот на македонскиот народ, а ги познавам репрезентативиците, би ми било чест и задоволсто еден ден да ја предводам Македонија. – истакна Беквалац.
До официјални контакти се уште не дошле, а Беквалац смета дека постигнатите резултати се најдобра препорака.
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
На покана на стрелачкиот клуб „Стрелба” од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК „Охрид” и ЖСК „Лихнидос” настапија на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи с...
ГРК Охрид денес ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Ракометарите на Охрид велат се фаворити на овој натпревар и упатуваат повик до охриѓани и навива...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.