Беше последниот тренер кој со тимот на Работнички се закити со двојната круна во македонскиот шампионат, сега е во Хајдук од Кула каде се обидува да го спаси тимот од испаѓање.  Драгољуб Беквалац за Македонија го врзуваат драги спомени, играчки со Тетекс, тренерски со Работнички, а еден ден посакува да седне на клупата на македонската  фудбалска репрезентација.

–    Да, моја желба е да ја предводам македонската национална селекција. Јас во неформален разговор бев еден од кандидатите пред  Јонуз да седне на клупата. Таа година бев прогласен за  трнер на годината во Македонија, и сметам дека постигнатите резултати се доволно мерило за да седнам на селекторската клупа – вели Беквалац кој покрај Охридското крајбрежје се подготвува со Хајдук за вториот дел од шампинатот во Србија.

Беквалац смета дека Македонија има добар фудбалски потенцијал, но фудбалот  се наоѓа во една голема криза, а  што се одесува до националниот состав постигнатите резултатите не се на вистинско ниво.

–    Со задоволство би одговорил на повик на Фудбалската Федерација на Македонија . Одлично го познавам менталитетот на македонскиот народ, а  ги познавам репрезентативиците, би ми било чест и задоволсто еден ден да ја предводам Македонија. – истакна Беквалац.

До официјални контакти се уште не дошле, а Беквалац смета дека постигнатите резултати се најдобра препорака.

М.П.