Екипата на Мешеишта која дебитираше во едно финале, небеше противник по мерка за расположените фудбалери на Бел Мерцедес.
По два пати во листата на стрелци се запишаа Антонио Нически, Николче Стојкоски и Љупчо Митрески, додека гол серијата ја комплетираше Далчев Љубен.
По триумфот на Велгиденскиот турнир во Охрид, ова е втор триумф за екипата на Бел Мерцедес сезонава на турнирите во мал фудбал во охридското опкружување.