Бел Мерцедес оди во нокаут фазата, Преспа остана во игра
21.03.10 00:05
Екипата на Бел Мерцедес е првиот патник од В групата во осминафиналето од турнирот во мал фудбал.
Преспа го победи Инекс со 3-1 и направи голем чекор кон обезбедување на пласман во нокаут фазата. Мируваа мрежите по првиот дел, а екипата на Инекс беше таа која се радуваше прва на погодок. Стрелец на голот за водство беше Илоски од пенал. Но наместо да го финишираат противникот, следуваше недозволено опуштање кое знаеше да го казни екиппата на Преспа. Преку Ибраими израмнија на 1-1, додека Ајруловски со двата погодоци го реализираше пресвртот.
Бел Мерцедес убедливо со 4-1 го победи Интерлогостик и обезбеди пласман во наредната фаза од турнирот. Мрежите мируваа во првиот дел, при 0-0 Ецкоски не реализираше пенал. Отпорот на Интерлогистик , Бел Мерцедес го скрши во втриот дел преку Целакоски, а на 2-0 зголеми Ецкоски. Крстаноски погоди за Интерлогистик враќајки ја неизвесноста во натпреварот, веднаш потоа истиот играч имаше убава прилика но не успеа да го изедначи резултатот. Казната за неискористените шанси стигна преку Целакоски, додека Стојкоски во финишот ги постави конечните 4-1.
Резултати
Инекс Горица – Преспа 1-3 Бел Мерцедес – Интерлогистик 4-1
На 27-мото издание на турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” во Волино, што годинава ќе биде од меморијален карактер во чест на Крсте Илинкоски, учество ќе земат 31 екипа поделени во 8 групи ...
Покрај Илија Трајчески “ракометниот бисер” кој потпиша професионален договор со екипата на ГРК Охрид и тренира со првиот тим, за оваа 2025/26 сезона пријавени за Супер лигата и Европски...
Од 16 до 30 август Охрид повторно ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма во градот Годинешното, трето издание ветува б...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.