Министерството за здравство воведе таканаречен „Бел телефон“ – 15444 на кој граѓаните ќе можат 24 часа да поставуваат прашања, да даваат сугестии или да достават пријава од областа на здравствената заштита.
– Линијата во прво време ќе ја опслужуваат тројца службеници. Во вечерните часови разговорите ќе се снимаат и наредниот ден службениците ќе им се јават на граѓаните или евентуално ќе ги посетат, објасни како ќе функционира Белиот телефон на Центарот за здравствена заштита, министерот за здравство Бујар Османи.












