Во склоп на манифестацијата „ЛЕТО 2013“ што ќе се одржи на 6 и 7 јули, со која ќе биде отворена туристичката сезона во Охрид,  предвидено е и одржување на „Бела ноќ“по примерот на светските туристички центри. Градот
практично ќе работи 24 часа, а туристите ќе имаат можност да проследат
концерт на градскиот плоштад, потоа забава со ди џеј а на повеќе пултови
ќе се презентираат специфичностите на градот додека во ноќните часови
забавата ќе може да продолжи во угостителските објекти.

Ова меѓу другото беше договорено на состанокот помеѓу претставници на Секторот за туризам и локален економски развој при
општина Охрид одржа состанок и охридските угостители.

-Интенција е сите одлуки кои ги носиме во определена област да бидат да бидат поткрепени со заеднички дискусии и договори со луѓето кои припаѓаат на таа фела. Ова лето сакаме Охрид да почуствува нов импулс во рамките на организирањето на туристичката сезона, па оттука на денешната средба ќе бидат разгледани сите предлози и иницијативи кои ќе бидат доставени од туристичките работници – истакна секретарот Димитар Спасески.

-Свесни сме дека оваа година малку задоцнивме со средбите со претставниците на угостителските објекти, сепак како зачеток на една ваква идеја и од ваков концепт и обем мислам дека нема да имаме никаков проблем за реализација особено што конкретно за нејзината реализација потребни сме сите заедно. Ние како Локална самоуправа можеме да ги координираме и да ги иницираме овие активности, но без ваша помош неможеме да ги реализираме – рече Ѓоко Апостолов, претставник од Секторот за туризам и локален економски развој.

На состанокот беа презентирани сегментите од туристичката понуда на општина Охрид: културно наследство, традиција и занаетчиство, промоција на сегментот рурален туризам, промоција на сегментот од туристичката понуда на Охрид- природно наследство, езерски туризам и алтернативни форми на туризам, и промоција на сегментот од туристичката понуда на Охрид хотели, угостители, кафе барови, ноќни клубови, сместувачки капацитети од мал обем туристички агенции и слично и четвртиот во склоп на манифестацијата „ЛЕТО 2013“.

Преку реализација на програмата за манифестацијата „ЛЕТО 2013“ ќе бидат промовирани различни сегменти на туризмот, како дел од туристичката понуда на Охрид. Воедно, самиот концепт на проектот, како и медиумската покриеност и кампања ќе овозможи привлекување на туристи, со што ќе се прошири туристичката сезона како од временски, така и од содржински аспект, беше истакнато на средбата.

Планирано е оваа манифестација да стане традиционална и да се одржува секоја година на почетокот на летната туристичка сезона.

OhridNews