Со манифестацијата „Белата ноќ“, Охрид денеска ќе го означи официјалниот почеток на туристичката сезона.

Во манифестацијата ќе бидат вклучени над 90 угостителски објекти кои ќе понудат услуги со попуст од 10 до 30%. 

Манифестацијата која годинава се одржува за прв пат, ќе кулминира вечер со концерт на големата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева, Панчо и ДНК на плоштадот „Св. Климент Охридски“, по што ќе следи и забава со ди-џеј сетови на  Lafonque и Iceberger..

Во рамки на „Белата ноќ“ на штандови поставени на  три локации, ќе се врши промоција на различни туристички сегменти. На плоштадот кај Чинарот ќе се врши промоција на руралниот туризам, кај Долна Порта на занаетчиството и традиционални прозиводи и на градскиот кеј , промоција на алтернативни форми на туризам.

OhridNews